Ваше здравје
наше време

Со фокус на превентивната стоматологија и најновите технологии, се стремиме да создадеме убави, здрави насмевки кои траат цел живот.

Во ПЗУ Полидент ве уверуваме дека секој посетител ќе има позитивно и удобно искуство.

Доверете ни ја Вашата насмевка и дозволете да Ви помогнеме да постигнете оптимално орално здравје и самодоверба.

ПЗУ Полидент е опремена по најсовремени методи. Комплетно е оспособена за работа во областа на ортодонција, орална хирургија, естетска медицина како и основните стоматолошки услуги.

Многубројните задоволни пациенти, меѓународните признанија и сертификати говорат повеќе од напишани зборови.

Спец. Д-р. Јасмина Стојменова

Насмевнете сѐ, тоа е одобрено од стоматолог

18 години
Создаваме насмевки

Кои сме
Ние

Стоматолошка ординација Полидент е основана 2006, од страна на доктор Јасмина Стојменова, како ординација по општа стоматологија, а во 2008 како специјалистичка ординација по ортодонција.

Основна дејност на стоматолошкиот центар е вршење на стоматолошка помош, преку примена на современи дијагностички и терапевтски методи во областа на детска и превентивна стоматологија, конзервативна и ендодонција, протетика, ортодонција, естетска стоматологија. 

Нашите пациенти се деца и возрасни луѓе кои го ценат своето време, бараат висок квалитет и сакат да добијат адекватно и квалитетно лекување.

Високите достигнувања, коректноста и професионализмот на екипата на стоматолошка ординација Полидент, како и користењето на современи методи на лекување во дентална медицина, ја котираат нашата ординација како посакуван партнер и ја сместуваат на водечка позиција во Дојран, Гевгелија и околината.

Наша
Мисија

Професионална работа, стручен тим, грижа и љубезност кон пациентите е нашата основна цел. Заедно со нив да ги споделиме емоциите на радост, среќа, задоволство и да ја вратиме насмевката на нивните лица.

Наша мисија е да ја зголемиме самодовербата и самоувереноста кај пациентите со здрави, природни и беспрекорни заби.

Наши Услуги

Општа стоматологија

Бесплатен стоматолошки преглед: Клинички преглед на забите, гингивата и меките ткива во устата, рана детекција и превенција на кариес.

Естетска стоматологија

Белеење на заби: Белеењето на забите може да се изведува кај сите пациенти кои се незадоволни од бојата на своите заби. Се изведува со...

Протетска стоматологија

Тотални протези: Целосна реконструкција на изгубените заби Парцијална протеза: Реконструкција на повеќе заби кои недостасуваат се...

Рентген дијагностика

Дигитална рентгенографија со 2D технологија за снимање на горната, долната вилица и ТМЗ.

        Ортодонција         

Традиционални ортодонски протези изработени од нерѓосувачки челик кои содржат метални брикети.

   Орална хирургија    

Импланти: Забните импланти претставуваат титаниумски конструкции кои се вградуваат во...

Ботокс И Хијалурон

1-13
Што претставува ботокс?

Ботоксот е природен протеин создаден од бактеријата Clostridium botulinum кој иницијално нашол примена во медицината при третманот на интерни болести од неврогена природа.

1-18
Што претставуваат хијалуронски филери?

Хијалуронските филери се хијалуронска киселина во облик на гел која се инјектира во кожата, со цел да се надокнади количината на хијалуронска киселина која со текот на времето се ресорбирала.

Нашиот Тим

Ние сме Вашиот тим од стручни 8 стоматолози кои се грижат за Вашето здравје на усни и заби повеќе од 18 години.

Заедно со професионалниот тим, Вие можете да го постигнете најдоброто решение на Вашата насмевка!
Континуирано се едуцираме и усовршуваме на разни стручни курсеви и семинари.
Внимателно ве слушаме и искрено се грижиме за вас бидејќи Вашата насмевка е наша одговорност! 

Нашите пациенти се
Среќни и здрави

"Навистина не чувствував ништо, беше многу полесно отколку што мислев!"

Aleksandar

"Мојата насмевка сега сјаи, благодарам на фантастичната работа!"

Marija

"Чувствувам дека конечно најдов клиника кадешто се чувствувам удобно. Враќањето назад нема да биде проблем!"

George

Достапни за сите ваши прашања

Главен проблем е јазикот

Според бројни истражувања главен проблем при лошиот здив е јазикот. Тој зазема голем дел од усната шуплина и претставува идеална средина за размножување на бактериите.

Научниците од Јапонија откриле дека токму наслагите на јазикот најмногу влијаат на појавата на лош здив, а истите се обилни рано наутро.

Како да се ослободите од лошиот  здив:

1. Одржување хигиена на јазикот.

Јазикот можете да го чистите со четката за заби, но многу подобро решение се специфичните четки кои имаат специјални набори направени за таа намена.

2. Користете забен конец најмалку двапати дневно

На тој начин ќе се ослободите од ситните парчиња храна кои навлегуваат меѓу забите и предизвикуваат појава на лош мирис.

3. Пијте доволно вода

Недоволната количина на вода предизвикува таложење на наслаги храна заедно со бактерии. За да се ослободите од лошиот здив најдобро е редовно да ја хидрирате устата.

Да, бројни истражувања и клинички студии укажуваат дека белењето на забите под надзор на стоматолог е безбедно. Всушност, многу стоматолози сметаат дека белењето на забите е најбезбедна постапка во козметичката стоматологија. Не се препорачува за деца под 13 години, бремени жени и мајки во доење.

За да спречите кариес и болести на непцата, важно е да следите неколку клучни чекори во одржувањето на устната хигиена и општото здравје.
Еве некои сугестии:

  • Редовно четкање на забите
  • Користење на конец за заби
  • Употреба на устна вода
  • Редовни посети на заболекар
  • Здрава исхрана
  • Пијте доста вода
  • Избегнување на тутун
  • Заштита на забите

Закажи преглед
со доктор?

Општа стоматологија

  • Бесплатен стоматолошки преглед: Клинички преглед на забите, гингивата и меките ткива во устата, рана детекција и превенција на кариес.
  • Пломбирање на заби со безболна анестезија.
  • Чистење на забен камен и полирање на заби: Отстранувањето на забниот камен се изведува со помош на ултразвук со вибрации, кои го кршат и распрскуваат забниот камен, сето тоа со употреба на локален анестетик во вид на спреј, и целата процедура е речиси безболна. Се изведува на секои 6 месеци. Откако ќе се исчисти забниот камен забите се полираат со специјална абразивна полир паста и четка.
  • Ендодонтски третман: Ендодонција е гранка во стоматологијата која се занимава со лекување на нервот и ткивата околу коренот на забот. Овој третман има за цел да го спаси, реставрира забот и да ја превенира потребата од имплант или мост.
  • Лесни екстракции на заби со безболна анестезија.
  • Заштита на забите од кариес со флуор препарати.

Естетска стоматологија

  • Белеење на заби: Белеењето на забите може да се изведува кај сите пациенти кои се незадоволни од бојата на своите заби. Се изведува со помош на современи гелови за белеење на забите кои содржат хидроген пероксид или карбамид пероксид како активни компоненти. Овие пероксиди навлегуваат во внатрешноста на тврдите забни ткива, се дисоцираат на кислород кој истовремено ги обелува обоените супстанци на површината на глеѓта како и оние кои што навлегле во глеѓните и дентински ткива. Структурата на забот не се менува- се менува надворешниот изглед, кој станува побел и посветол.

  • Порцелански Ламинати: Најпопуларна естетска процедура. Ламинатите се ултра тенки, индивидуално изработени порцелански лушпи кои се фиксираат директно на забот. Порцеланските фасети се алатка за рехабилитација којашто обично ја надоместува предната површина на забот и тие претставуваат козметичка алатка во стоматологијата.

  • Композитни фасети: идеална насмевка во само една посета. Со минимално или без стругање на забите до совршена убава и природна насмевка.

  • Emax: литиум дисиликатна стаклокерамика од кој се изработени фасетите дава природен изглед. Овие фасети се долготрајни и нивна најдобра карактеристика е висока естетика. Порцеланската фасета служи за рехабилитација и обично ја надоместува предната површина на забот.

Протетска стоматологија

  • Тотални протези: Целосна реконструкција на изгубените заби.
  • Парцијална протеза: Реконструкција на повеќе заби кои недостасуваат, а присутни се некои природни заби.
  • Порцелански коронки: Фиксни протетски надоместоци изработени од метал-керамика кои ќе го заменат природниот заб со цел подобра естетика и функција.
  • Циркониумски коронки: Фиксни протетски надоместоци изработени од циркониум со кои се постигнува совршена насмевка, висока естетика и природен изглед. Скенирањето го вршиме со професионален 3D скенер.

Рентген дијагностика

  • Дигитална рентгенографија со 2D технологија за снимање на горната, долната вилица и ТМЗ.

Ортодонција

  • Традиционални ортодонски протези изработени од нерѓосувачки челик кои содржат метални брикети.
  • Порцелански брикети изработени од керамички или композитни материјали со боја на заб, тие се помалку забележливи и се естетска опција.
  • Мобилна протеза за класичен начин на подредување на забите.
  • Invisalign претставуваат невидливи ортодонтски помагала за постигнување на подредени и високо естетски заби.

Орална хирургија

  • Импланти: Забните импланти претставуваат титаниумски конструкции кои се вградуваат во виличната коска и се замена за коренот за забот кој недостасува.
  • Тешки и комплексни екстракции.
  • Апикотомија: Апикотомија претставува орално-хируршка интервенција при која се отстранува врвот на коренот на забот. Заедно со врвот се отстранува и присутниот патолошки процес, т.е инфекција, гранулом, циста.
  • Френулектомија: Френулектомија претставува орално хируршка интервенција, при која се врши ресекција на усната ресичка која има висок припој на гингивата, и доколку не се направи води до разделување на забите и повлекување на гингивата околу нив и други компликации. Таа е безболна интервенција и трае кратко.
  • Импактирани/полуимпактирани заби: Импактирани или полуимпактирани заби се заби кои не се израснати т.е се ретинирани во коската и нивното никнување е оневозможено поради недостаток на простор, оневозможување од страна на другите заби, промени во коската, неправилна положба на самите заби или разни заболувања во детската возраст.
  • Цистектомија: Цистектомија претставува орално-хируршка интервенција со која се отстранува циста, која доколку не се отстрани, прогресивно расте и ја деструира околната коска.
  • Синуслифт – Претставува подигнување на дното на синусната празнина и поставување на соодветен графт или вештачка коска.
  • Аугментација на коска и меки ткива: Пополнување на дефицитот на коскен волумен со вештачка коска, мембрана итн. При што се создаваат услови за поставување на имплант и заб
  • Нивелација на коскениот гребен: Протетско-хируршки зафати каде што се отстрануваат коскените нерамнини на вилицата кои би биле болни при поставување на тотална или парцијална протеза.

Ботокс

  • Ботоксот е природен протеин создаден од бактеријата Clostridium botulinum кој иницијално нашол примена во медицината при третманот на интерни болести од неврогена природа. Како блокатор на нервниот импулс од мозокот до таргет мускулното ткиво, набрзо се увидело дека тој може да биде многу ефикасен и во третманот на брчки кои се јавуваат на лицето и вратот. Неговата функција е да ги релаксира мускулите на лицето, а со тоа да ги намали или да направи да исчезнат брчките кои се јавуваат поради движењето (мимика) на тие мускули.
  • Третманот е едноставен и брз, а ефектите се видливи веќе 7 дена по апликацијата. Минимално инвазивна метода која не бара посебни услови ниту пак пост-третманска нега, а ефектите од таа метода траат со месеци. Процедурата вклучува лесно боцкање во нежните мускулни снопови на лицето и аплицирање на многу мали дози од растворот на ботокс при што како најлош несакан ефект би било мала модрица поради индивидуалноста во анатомијата на секој човек.
  • Освен брчките ботоксот е незаменлив и во третманот на прекумерното потење под пазуви, на дланки и стапала. Исто така ботоксот е одличен и во третманот на мигрена каде преку апликација во мускулите од черепот се намалуваат во целост болките и непријатностите.
  • Ботоксот е најдобро решение за оние кои имаат изразена фацијална гестикулација во текот на денот поради што мимичните брчките на лицето се многу изразени и со текот на времето постојано се продлабочуваат. Со ботоксот длабоките брчки значајно се измазнуваат и се превенира појавата на нови брчки на лицето, а со тоа ликот добива поведар, освежен и младешки изглед. Раниот почеток на примена на ботоксот значително влијае на превенцијата на појавата на брчки. Со текот на годините доколку не се користи овој третман, брчките се продлабочуваат и не можат да се излечат или значајно и трајно да се ублажат со козметички средства.
  • Контраиндикации за третманот би биле сите локални процеси кои се присутни на местото на инјектирање (инфекции, малигнитети и сл.). Освен тоа тој е потполно безбеден па дури нема влијание и при бременост. Методата е пожелно да се повтори по неколку месеци (4-6 месеци) поради транзиторноста на ефектите од ботоксот.

Хијалуронски филери

  • Хијалуронските филери се хијалуронска киселина во облик на гел која се инјектира во кожата, со цел да се надокнади количината на хијалуронска киселина која со текот на времето се ресорбирала. На овој начин значително се подобрува квалитетот на кожата, нејзината хидрираност и исхранетост, со што кожата може да одолее на секојдневниот замор и стрес.
  • Тие се најдоброто решение за корекција на знаците на стареење на лицето на минимално инвазивен начин преку пополнување на фините линии и брчките на лицето, како и безбеден нехируршки третман за решавање на деформитети на лицето и ублажување на лузни на кожата. Се применуваат на различни типови на кожа.
  • Третманот е безбеден, а алергиските реакции се скоро невозможни бидејќи хијалуронската киселина е природна состојка на кожата. Најчести причини поради кои клиентите имаат потреба од овој третман се:
    * Корекција на знаците на процесот на стареење преку пополнување на фините линии или длабоките брчки на кожата
    * Постигнување на подобар естетски ефект преку контурирање на лицето, освежување на регијата околу очите, обликување, контурирање и зголемување на волуменот на усните, моделирање на долна вилица и брада итн.
    * Корекција на асиметрија на делови од лицето
    * Нехируршка корекција на деформитети на лицето
    * Нехируршки третман на лузни на кожата последица на повреди или одредени заболувања
  • Хијалуронските филери се најдобро решение за оние кои сакаат да ги отстранат фините линии или длабоките брчки на лицето, да корегираат одредени естетски недостатоци, да го освежат уморниот изглед и да се решат од несаканите деформитети на лицето без хируршка интервенција.
    Третманот се состои од инјектирање на хијалуронски филер директно во кожата во мали количини, при што се користат многу мали и тенки игли. Третманот е едноставен, безбеден и безболен и најчесто трае од 10 до 30 минути. Се постигнува ефект на затегнатост, свежина и хидрираност на кожата. Со филерите се пополнува волуменот на кожниот набор и брчките комплетно исчезнуваат. Кожата станува мазна, се враќа младешката структура на лицето, што предизвикува да се чувствувате помладо и попријатно.
  • Резултатите се видливи веднаш по апликацијата, а на вообичаените активности можете да се вратите веќе следниот ден со минимално видливи траги од интервенцијата. Се препорачува да се избегнуваат топли процедури, вклучително и топли бањи, сауни, спа и солариум во текот на следните неколку дена.
    Траењето на ефектот е од 6 до 12 месеци. Зависно од степенот на оштетување на кожата при почетна примена на филери, како и навремениот почеток со овој третман, ефектите може да траат и подолго дури 1 до 2 години после иницијалната примена.
  • Кога не се препорачуваат хијалуронските филери?
    * Бременост и доење
    * Дерматолошки заболувања
    * Видливи промени на кожата во зоната на инјектирање
    * Вирусни и бактериски кожни инфекции
    * Активна херпесна инфекција
    * Инфективни заболувања
    * Имунодефициентни заболувања

Последно ажурирање 13.03.2024

Добредојдовте на Политиката за приватност на Стоматолошката ординација на polydent.mk.

Многу ја цениме вашата приватност.
Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност пред да ја користите веб-страницата polydent.mk бидејќи оваа Политика за приватност содржи важни информации во врска со вашата приватност и како можеме да ги користиме информациите што ги собираме за вас.

Вашиот пристап и користење на веб-страницата е условена од вашето прифаќање и усогласеност со оваа Политика за приватност. Оваа Политика за приватност се однесува на сите, вклучително, но не ограничувајќи се на: посетители, корисници, како и на сите потенцијални клиенти и други, кои сакаат да пристапат или да ја користат веб-страницата.

Со пристап или користење на веб-страницата, вие се согласувате да бидете обврзани со оваа Политика за приватност. Ако не се согласувате со кој било дел од Политиката за приватност, тогаш немате наша дозвола за пристап или користење на веб-страницата.

Контролор

Ние, Стоматолошка ординација Полидент,  според Законот за заштита на лични податоци, сме контролор и сме одговорни за обработката на вашите лични податоци.

1. Лични податоци што ги собираме

Формулари за контакт на веб-страницата:
Вашето име, адреса на е-пошта, име на компанија, телефонски број – информации што ни ги доставувате во формуларот „Контактирајте со нас“. Вашето име, адреса на е-пошта и други лични податоци што афирмативно избирате да ни ги доставите – информации што ни ги доставувате за целите на разговор во живо.

Можеме да ги користиме овие податоци за следните цели:

Ни требаат овие информации за да преземеме чекори на ваше барање пред да склучиме договор.
Можеме да ги користиме овие податоци за да комуницираме со вас и да ја персонализираме нашата комуникација со вас за да ги преземеме горенаведените чекори.
На пример, може да ве контактираме преку (или) телефон, е-пошта (или) други средства за комуникација да ви го доставиме нашиот одговор на вашето барање испратено до нас, да разговараме за деталите за вашето барање, да ви го доставиме нашиот предлог за вашето барање и (или) шаблони на нашите договори, разговарајте за условите на договорите и да направиме промени во него, размена на потпишан копии од договори помеѓу вас и polydent.mk , итн.
Ние можеме да ги складираме таквите податоци од моментот на вашето барање испратено до нас и до моментот на склучување на договор.

polydent.mk има легитимен интерес да ги запознае преференциите на корисникот за да ни овозможи подобро да ги персонализираме нашите понуди и на крајот да понудиме производи и услуги кои подобро ги задоволуваат потребите и желбите на корисниците. Значи, овие информации ни се потребни за да понудиме производи и услуги кои подобро ги задоволуваат потребите и желбите на Корисниците.
На пример, може да ве контактираме во иднина преку телефон и (или) е-пошта и (или) други средства за комуникација за да ве информираме за нашите услуги, попусти, нови производи, нови функции и способности, итн. Ги чуваме таквите информации доколку горенаведената цел постои. Можете во секое време да се спротивставите на собирање и обработка на вашите лични податоци за оваа намена со контактирање со нас како што е наведено во насловот „Контактирајте со нас“ подолу.

1.2 Сведоштва на веб-страницата

Вашето име
Е-пошта
Адреса
Име на компанија
Наслов

Земја – информации што ни ги доставувате во форма на препораки од клиенти.

Вашето име
Е-пошта
Адреса
Име на компанија
Телефонски број

Земја – информации што ги собираме на официјалните веб-страници на компаниите во кои сте вработени (како вработен, советник, консултант итн.) или сте биле вработени (како вработен, советник, консултант итн.).

Вашето име
Е-пошта
Адреса
Име на компанија
Телефонски број

Земја – информации што ги собираме на различни веб-локации, кои ги содржат овие податоци на Интернет.

Вашето име
Е-пошта
Адреса
Име на компанија
Телефонски број

Земја – информации што ги собираме на различни социјални мрежи, кои ги содржат овие податоци.

Податоците за уредот и користењето како што се дадени подолу кога ќе ја посетите веб-страницата за да ја прегледате нашата Политика за приватност.

Можеме да ги користиме овие податоци за следните цели:

polydent.mk има легитимен интерес да ги нуди своите производи и услуги на потенцијалните клиенти, да ги персонализира нашите понуди, да ги знае преференциите и потребите на потенцијалните клиенти.

Значи, овие информации ни се потребни за да понудиме производи и услуги кои подобро ги задоволуваат потребите и желбите на потенцијалните клиенти. На пример, може да ве контактираме преку телефон и (или) е-пошта и (или) други средства за комуникација за да ве информираме за нашите услуги, попусти, нови производи, нови функции и можности итн. Ние ги чуваме таквите информации доколку постои горенаведената цел.

Можете во секое време да се спротивставите на собирање и обработка на вашите лични податоци за оваа намена така што ќе не контактирате како што е наведено во насловот „Контактирајте со нас“ подолу. Ние собираме податоци за вашиот уред и за тоа како вие и вашиот уред комуницирате со веб-локацијата.

На пример, можеме да собереме:

Податоци за уред, поврзување и конфигурација.
Ние собираме податоци за вашиот уред и мрежата што ја користите за да се поврзете на веб-страницата.
Вклучува податоци за оперативниот систем, типот на прелистувачот и бројот на кликови, името на доменот и земјата/состојбата на корисниците.
Вклучува и IP адреса, регионални и јазични поставки.
Извештаи за грешки и податоци за перформансите.
Ние собираме податоци за перформансите на веб-страницата и сите проблеми што ги доживувате со неа.

Во зависност од вашите поставки, извештаите за грешки (понекогаш се нарекуваат „депонии за несреќи“) може да вклучуваат податоци како што се видот или сериозноста на проблемот, детали за софтверот или хардверот поврзани со грешка polydent.mk има легитимен интерес да нуди производи и услуги кои подобро ги задоволуваат потребите и желбите на Корисниците, како и легитимен интерес за одржување и подобрување на перформансите на веб-страницата.

Можеме да ги користиме овие податоци споменати погоре за да ги обезбедиме и подобриме нашите услуги што ви ги нудиме, за да ја одржуваме и постојано да ја подобруваме нашата веб-локација и нејзините перформанси, вклучително и додавање нови функции или способности, за дијагностицирање проблеми на веб-локацијата што ја користите.

2. Како ги заштитуваме вашите информации

Ги имплементиравме следните мерки за заштита и заштита на вашите лични податоци:

Ограничување на количината на лични информации што ги собираме само на строго неопходни
Користење ssl или други технологии за безбедна врска при примање или испраќање лични информации надвор од внатрешните мрежи
Одржување ажуриран софтвер и заштитни мерки

3. Продажба на вашите информации

Ние не ги продаваме вашите лични податоци

4. Колачиња

Колаче е мал дел од податоци испратени од веб-страницата и складирани на вашиот компјутер од вашиот веб-прелистувач. Датотеката се додава откако ќе се согласите да складирате колачиња на вашиот компјутер или уред, а колачето помага да се анализира веб сообраќајот или да ве информира кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата дозволуваат сајтовите да одговорат на вас како поединец. Веб-страницата, исто така, може да ги прилагоди своите операции на вашите потреби, допаѓања и недопаѓања со собирање и запомнување информации за вашите преференци.

Оваа веб-локација собира колачиња и може да користи колачиња од причини кои вклучуваат, но не ограничувајќи се на:

Анализирајте го нашиот веб сообраќај користејќи аналитички пакет.
Идентификувајте дали сте најавени на веб-страницата.
Тест содржина на веб-страницата.
Чувајте информации за вашите преференции.
Препознајте кога ќе се вратите на веб-локацијата.

Генерално, колачињата ни помагаат да ви обезбедиме подобра веб-страница, со тоа што ни овозможуваат да следиме кои страници ви се корисни, а кои не. Колачето во никој случај не ни дава пристап до вашиот компјутер или какви било информации за вас, освен податоците што ќе одберете да ги споделите со нас. Можете да прифатите или одбиете колачиња.

Повеќето веб-прелистувачи автоматски прифаќаат колачиња, но можете да ги измените поставките на вашиот прелистувач за да ги одбиете колачињата ако сакате.
Оваа поставка може да ве спречи целосно да ги искористите предностите на веб-локацијата.

Колаче е мал дел од податоци испратени од веб-страницата и складирани на вашиот компјутер од вашиот веб-прелистувач. Датотеката се додава откако ќе се согласите да складирате колачиња на вашиот компјутер или уред, а колачето помага да се анализира веб сообраќајот или да ве информира кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата дозволуваат сајтовите да одговорат на вас како поединец. Веб-страницата, исто така, може да ги прилагоди своите операции на вашите потреби, допаѓања и недопаѓања со собирање и запомнување информации за вашите преференци.

Оваа веб-локација собира колачиња и може да користи колачиња од причини кои вклучуваат, но не ограничувајќи се на:

Анализирајте го нашиот веб сообраќај користејќи аналитички пакет.
Идентификувајте дали сте најавени на веб-страницата.
Тест содржина на веб-страницата.
Чувајте информации за вашите преференции.
Препознајте кога ќе се вратите на веб-локацијата.

Генерално, колачињата ни помагаат да ви обезбедиме подобра веб-страница, со тоа што ни овозможуваат да следиме кои страници ви се корисни, а кои не. Колачето во никој случај не ни дава пристап до вашиот компјутер или какви било информации за вас, освен податоците што ќе одберете да ги споделите со нас. Можете да прифатите или одбиете колачиња.

Повеќето веб-прелистувачи автоматски прифаќаат колачиња, но можете да ги измените поставките на вашиот прелистувач за да ги одбиете колачињата ако сакате.
Оваа поставка може да ве спречи целосно да ги искористите предностите на веб-локацијата.

5. Приватност на децата

Оваа веб-страница е наменета за употреба од општата публика и не нуди услуги за деца. Доколку дете за кое знаеме дека е под 18 години ни испрати лични податоци, ние ќе ги користиме тие информации само за да му одговориме на тоа дете за да го информираме дека не може да ја користи оваа веб-страница.

6. Како да пристапите и да ги контролирате вашите лични податоци

Доколку сакате да пристапите, поправите, ажурирате или побарате бришење на вашите лични податоци, тоа можете да го направите во секое време со контактирање на polydent.mk 

Дополнително, можете да се спротивставите на обработката на вашите лични информации, да побарате од polydent.mk  да ја ограничи обработката на вашите лични информации или да побарате преносливост на вашите лични информации со контактирање на polydent.mk

7. Промени на оваа Политика за приватност

Го задржуваме правото да ја менуваме оваа Политика за приватност („Ажурирана политика“) од време на време. Датумот на стапување во сила на Ажурираната политика ќе биде времето на објавување или подоцнежниот датум наведен во Ажурираната политика. Ажурираната политика ќе се применува за вашето користење на веб-страницата.

8. Контактирајте не

Ако имате загриженост за приватноста, усогласеност или какви било прашања во врска со оваа Политика за приватност, ве молиме контактирајте не на:

Адреса 1: Маршал Тито 44, Дојран
Адреса 2: Леонид Јанков 24, Гевгелија

Телефон 1: +389 71 251 560
Телефон 2: 034/227-570

Е-пошта: polydent2006@hotmail.com

Закажи Консултација

Ве молиме пополнете ја формата подолу!

Контакт Информации
Вид на услуга и посакувано време